За разлика од првакот во Премиер лигата, вториот англиски клуб истрча на терен во Лигата на шампионите, Ливерпул, забележа нова рутинска победа. Чаби Алонсо по повеќе од една деценија се врати на „Енфилд роуд“, но си замина со наведната глава, затоа што четата на Арне Слот со моќно издание во второто полувреме славеше со убедливи 4-0. Резултатот во Ливерпул го отвори Луиз Диаз во 61. минута, а четири минути подоцна Гакпо ја продолжи гол-серијата и зголеми на 2-0. Победата на „црвените“ ја потврди Дијаз со уште два гола за конечни 4-0.
Борусија Дортмунд едвај го победи Штурм со 1-0, со голот на Дониел Мален во 85.минута, а Селтик славеше против Лајпциг со 3-1. Елиф Елмас играше од 68.минута на овој натпревар.
Голот за Лајпциг го даде Баумгартнер за водство, но потоа следуваа два на Кун и еден на Хатате за победа на шкотскиот тим.
Лил и Јувентус одиграа 1-1. Давид погоди за домаќините, Влаховиќ изедначи од пенал за италијанскиот тим.
Со 1-0 победи и Монако на гостувањето кај Болоња, голот го даде Керер.