Одличниот играч за врска на Вест Хем, Деклан Рајс, ќе биде задолжен за средниот ред на Англија на Светското првенство во Катар, но пред да замине на Мундијалот ги налути своите навивачи и другите селекции.
Рајс е вистинскиот мотор на тимот на Герет Саутгејт и незаменлив на позицијата централен играч за врска. Од него во Катар се очекува многу, а тие очекувања дополнително ги зголеми со изјавата и потегот пред заминувањето на Мундијалот.
Кога го напуштил англискиот тренинг центар за Катар, Рајс зел празна торба заедно со куфер со облека. За сите било необично, па возачот го прашал зошто.
„Нема ништо во тој куфер, тој е резервен. Ќе го донесам дома трофејот во него“, објасни Рајс, покажувајќи дека не му недостасува самодоверба пред Катар.
Но, со таа изјава тој ги разбесни навивачите на својата репрезентација, но и сите останати кои потегот го оценија како „арогантен“.
Со ваквиот став на Рајс не се согласуваат бројните корисници на Твитер, но и англиската јавност. Од една страна, навивачите на другите репрезентации го означија овој потег како арогантен, што им доликува на Англичаните, додека навивачите на Англија го критикуваа таквиот став бидејќи можеби ќе донесе конфузија во тимот и зголемени очекувања.
„Типична англиска ароганција. Не е ни чудо што сите ви се смеат кога не успевате“, гласи еден од коментарите на Твитер.