Во интервјуто кое крена голема прашина, Кристијано Роналдо реши јавно да искритикува неколку свои поранешни соиграчи, особено Вејн Руни, за кого дури рече дека е стаорец, но Англичанецот реши да му возврати на Португалецот на начин што го боли најмногу.
Целиот свет веќе со денови зборува за интервјуто кое Роналдо му го даде на Пирс Морган, во кое многу зборуваше за Манчестер Јунајтед, но не баш убаво.
Португалецот беше повреден поради сите случувања во Манчестер Јунајтед во последните неколку месеци и кога го заврши првиот дел од сезоната реши се да каже јавно, што изненади многумина.
Англичаните сметаат дека на овој начин Роналдо целосно си ја затворил вратата во Јунајтед и дека клубот речиси сигурно ќе го раскине договорот со него, а Португалецот во јануари ќе може да си најде нов клуб без отштета.
Сепак, она што особено ги изненади навивачите на овој клуб е тоа што Роналдо ги критикуваше своите поранешни соиграчи, а се издвојуваат Вејн Руни и Гери Невил.
Рече дека не му се пријатели, а Руни дури го нарече стаорец и се исмејуваше со неговиот изглед велејќи дека изгледа многу подобро од него иако е постар.
Руни во четвртокот во Дубаи за прв пат го коментираше она што го кажа Роналдо, но тој реагираше џентлменски и не сакаше да зборува премногу за тоа. Тој само рече дека му било многу чудно што Роналдо направил се на тој начин и дека верува дека Јунајтед после се ќе реагира.
Сепак, се чини дека Руни нашол начин да му се одмазди на својот поранешен соиграч, а многумина веруваат дека тој го „удри“ онаму каде што најмногу го боли.
Руни за „Тајмс“ го најави Светското првенство во Катар и зборуваше кој би можел да биде победник, а за него прв фаворит е Аргентина предводена од најголемиот ривал на Роналдо – Лионел Меси.
Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ изјави дека за него Меси е најдобриот играч на сите времиња, а речиси и да не го спомна Португалецот бидејќи верува дека во Катар нема да одат далеку.
„Сите гледаат на Меси и Роналдо на различен начин, но како што многупати кажав, за мене Меси е најдобриот досега. Гледав што прави Марадона, но Меси е подобар од него. Тој има се што му треба на еден фудбалер , а Роналдо е некако повеќе голгетер и тоа е тоа“, изјави Руни и додаде.
„Сигурно би била одлична приказна доколку Меси или Роналдо го освојат Светското првенство. Слушнав некои играчи од Аргентина колку би гинеле за Меси да го освои трофејот и тоа е навистина лудо и може само да го зголеми притисокот врз него. Португалија јас не верувам дека ќе оди далеку“.
Мундијалот почнува утре со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор