Атлетик Билбао освои големи три бода против Атлетико Мадрид во 17. коло од шпанската Примера, откако денеска на домашен терен победи со 2-0, а победата можеше да уште повисока.

Гостите од Мадрид имаа проблеми уште во првото полувреме, кога Атлетик Билбао доби пенал, но истиот не беше искористен во 36. минута.

Гурузета во 51. минута конечно ја затресе мрежата на гостинскиот тим, додека конечните 2-0 ги постави Нико Вилијамс во 64. минута.

Нико Вилијамс беше најразигран во редовите на баскискиот тим, а одличното издание го круниса со феноменален погодок при кој Јан Облак немаше шанса. Голот на Вилијамс може да го видите ТУКА.

Атлетико Мадрид се наоѓа на третата позиција со 34 бодови, додека Атлетик Билбао е петти со 32 бода.