Кристијано Роналдо пропушти шанса да стигне до првиот трофеј со новиот клуб, Ал-Наср, откако загуби со 3:1 од Ал-Итихад во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија.
Ал-Наср веќе 10 меча нема победа во дуелите со Ал-Итихад, а се веруваше дека со доаѓање на Роналдо, тоа ќе се промени. Ал-Итихад уште од самиот старт започна одлично и поведе со 1:0, а во 45 минута веќе беше 2:0. Неколку секунди пред Ал-Итихад да го постигне вториот гол, Роналдо имаше одлична шанса со глава, но не успеа да постигне погодок.
Тренерот на Ал-Наср, Французинот Руди Гарсија го обвини дека токму тоа промашување на Роналдо е клучно на средбата.
„Еден од моментите кои го сменија текот на мечот беше промашувањето на Роналдо во првото полувреме“, рече Гарсија по поразот на Ал-Наср.