Србинот Новак Ѓоковиќ само со еден загубен сет дојде до своето десетто финале на ОП на Австралија, а дека ќе биде фаворит и во финалето, потврдува и фактот дека тој ги доби сите девет полуфиналиња и финалиња во Мелбурн.
За Ѓоковиќ тоа ќе биде 33-тото гренслем-финале, што е рекорд во машкиот тенис, го држи рекордот и може да го подобри по бројот на титули во Австралија, а со победа во финалето над Стефанос Циципас, ќе се врати на прво место и ќе го подобри рекордот и по бројот на недели поминати како светски рекет број 1, засега е на 373.
Триумф на Отвореното првенство на Австралија ќе значи изедначување на рекордот на Рафаел Надал од 22 гренслем-титули.
Ѓоковиќ и Циципас еднаш имаат играно финале на гренслеми-турнирите, на „Ролан Гарос“ во 2021 година. Тогаш Гркот водеше со 2-0 во сетови, а Ѓоковиќ направи пресврт и триумфираше со 3-2. Вкупно Новак води со 10-2 во меѓусебните дуели и црно му се пишува на Циципас.