Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека ќе се врати на теренот кон средината на декември.
Надал заедно со уште пет тенисери ќе учествува на „Мубадала шампионатот“ во Абу Даби.
Турнирот ќе се игра од 16 до 18 декември. Надал нема да игра првиот ден, но во полуфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу Доминик Тим и Енди Марија.
“Здраво на сите. Многу сум среќен што повторно ќе учествувам на Светското првенство Мубадала во Абу Даби. Се надевам дека ќе се видиме наскоро”, изјави 20-кратниот Грен слем шампион во кратката видео порака.
Тоа ќе биде враќање на Шпанецот по четири месеци. Надал во август објави дека ја завршил оваа сезона поради повреда на стапалото.
Шпанецот најави и дека ќе учествува на претстојниот Австралија опен каде ќе се обиде да го освои 21. Грен слем трофеј. Се уште не се знае дали негов главен ривал ќе биде Новак Ѓоковиќ.