Публиката во Париз уживаше во потезите на српскиот мајстор, кој побрзо од што таа сакаше ги реши дилемите и тоа пред очите на голем број фудбалски легенди кои беа на трибините како Зинедин Зидан, Немања Видиќ, Арсен Венгер и Марсел Десаи. Ѓоковиќ во сите три сета брзо доаѓаше до брејк, а со тоа и до предност, која потоа не ја испушташе до самиот крај.
Следен противник на српскиот тенисер ќе биде Аргентинецот Диего Шварцман, кој претходно денеска беше подобар од Григор Димитров со 3-0 во сетови.