На 20-годишниот Синер му се предвидува светла иднина. Тој во моментов е на 12. позиција и е на прагот да влезе во топ-10, па сигурно може да се приклучи во битката за врвот на АТП-листата.
Поради тоа не зачудува тоа што произведувачот на спортска опрема „Најк“ реши да потпише договор со Синер на 10 години и притоа Италијанецот ќе заработи неверојатни 150 милиони евра.
Синер има уште неколку спонзорски договори со звучни компании како „Ролекс“, „Гучи“, „Алфа Ромео“ и други, па така ја надмина границата од 20 милиони евра годишни приходи од спонзорски договори.
Најбогат договор во историјата на тенисот беше тој на Федерер со „Уникло“, кој го потпиша на 10 години и заработи 300 милиони долари.