Француската тенисерка Ализ Корне се пласираше во своето прво четвртфинале на Грен слем турнирите, откако во осминафиналето на Австралија опен во Мелбурн ја совлада Романката Симона Халеп со 6:4, 3:6, 6:4.
Корне водеше со 6:4 и 3:1 пред да загуби пет последователни гема и 16 последователни поени, па мечот отиде во третиот, решавачки сет.
Халеп спаси две меч топки на нејзин сервис во деветтиот гем од третиот сет, но Корне ја искористи третата меч топка во следниот гем за своето прво четвртфинале на Грен слем во 63 настапи на најважните турнири.
Корне е првата Французинка која стигнала до четвртфиналето на Австралија Опен по Марион Бартоли во 2009 година.
Моментално 61. тенисерка во светот за пласман во полуфиналето на Австралија опен ќе се бори со Американката Даниел Колинс, која во првиот осминафинален меч беше подобра од Белгијката Елиз Мертенс со 4:6, 6: 4, 6: 4 по два часа и 51 минута борба.
Колинс водеше со 3-1 во првиот сет, пред да ги загуби следните шест од седум гема и првиот сет со 6-4. Таа имаше и 3:0 во вториот сет, сервираше при резултат 5:3 за сет, но Мертенс направи брејк. Сепак, во следниот гем Колинс го врати брејкот и го одведе мечот во трет сет.
Мертенс прва стигна до брејк во решавачкиот сет, поведе со 2:1, но Колинс веднаш израмни на 2:2, за решавачкиот брејк во мечот да го направи во десеттиот гем кога ја искористи третата меч топка за трето Гренд Слем четвртфинале , а второ во Мелбурн.