Американската тенисерка Даниел Колинс се пласираше во финалето на Австралија Опен.
Колинс одигра фантастичен натпревар и ја совлада Ига Свјонтек од Полска со 6:4, 6:1.
Американката е поставена за 27. носител во Мелбурн и може да се каже дека направи големо изненадување со пласманот во финалето.
Таа беше одлично расположена против Полјакиата – сервисот функционираше добро, сите удари беа подеднакво добри, а Ига Свјонтек не можеше да направи ништо на нејзин сервис.
Колинс тргна одлично, погодуваше се и брзо стигна до 4:0 со два брејка.
Свјонтек врати еден брејк за 4:2, Колинс направи нов за 5:2, а потоа повторно го загуби сервисот, но на крајот од вториот обид таа сервираше за водство.
Така беше и во вториот сет, таа брзо стигна до 4:0 со два брејка, а јасно беше дека ова е крај за Ига.
Колинс во финалето во сабота од 09:30 ќе игра против Ешли Барти.