Некогашниот шампион на Шпанија Депортиво Ла Коруња во натпревар од третата Шпанска лига гостуваше кај Замора.

Во 90’ минута Алберт Киљес постигна гол за победа, па навивачите се спуштија надолу по трибината да прослават гол, ама оградата на тој дел од стадионот „Рута де ла Плата“ попушти.