Тој уште во 12.минута го исклучи Милош Дегенек, а во финишот од средбата и Марко Гобељиќ. По натпреварот додека судиите го напуштаа теренот од трибините беа фрлени огромен број тврди предмети.
Полицијата мораше да направи кордон за судиите да можат да влезат во соблекувалната, а најдебелиот крај го извлече кондицискиот тренер на Звезда, Федерико Панончини. Тој беше погоден со тврд предмет во главата и целиот крвав бараше помош. Медицинските тимови веднаш реагираа и Панончини беше префрлен во болница. Тој има пукнатина на черепот и ќе мора да остане во болница.