Ал Наср со пресврт дојде до победа над Абха (2-1) во 21. коло од првенството во Саудиска Арабија, а повторно во центар на внимание е Кристијано Роналдо.
ВАР им поништи гол на гостите во седмата минута, но тие продолжија со нападите и Адам погоди за предност од 1-0.
Ал Наср се обидуваше да ја врати резултатската неизвесност, а тоа им успеа преку Роналдо во 79. минута, кој од слободен удар од 25 метри постигна спектакуларен гол.
Потоа гостите останаа со фудбалер помалку затоа што Ал Судани доби втор жолт картон, а во 86. минута Ал Наср погоди за пресврт преку Талиска.
Роналдо одби да го изведе пеналот и му ја даде топката на Талиска, а тој без проблеми стрелаше за конечни 2-1.