Челси двапати имаше водство против Евертон, но гостите на крајот ремизираа (2-2) и освоија значаен бод на „Стемфорд бриџ“.

Жоао Феликс во 52.минута донесе водство, а израмни Докуре во 69.минута.

Каи Хаверц од пенал обезбеди нова предност за Челси во 76.минута, но Елис Симс во 89.минута ги шокираше домаќините со ново израмнување за поделба на бодовите.