Екипите на Рома и Аталанта одиграа нерешено 1-1 во последниот дуел од 19.коло во Серија А.

Аталанта поведе на „Олимпико“ со голот на Копмајнерс во осмата минута, а израмни Пауло Дибала од пенал. Аргентинецот беше ефикасен од белата точка во 39.минута од дуелот.

Во финишот од натпреварот Жозе Мурињо заработи црвен картон и беше исклучен.

По ова реми, Аталанта се наоѓа на шестата позиција со 30 бода, додека Рома е осмопласирана со 29 бода.