Столе Димитриевски оваа сезона брани одлично, а тоа го потврди и на натпреварот против Алмерија, на кој имаше клучна одбрана при резултат 0:0. Столе важи за еден од најдобрите голмани во Ла Лига, вчера по осми пат оваа сезона не прими гол. Тој е на второ место на голманскиот поредок во Примера, каде неприкосновен на прво место е Марк Андре Тер Штеген со дури 15 „чисти мрежи“.
На 19 натпревари оваа сезона, Димитриевски дури во осум наврати имаше чиста мрежа, прими 19 голови, а има дури 54 успешни интервенции.
Столе имаше пет успешни одбрани против играчите на Алмерија, а истите му помогнаа да биде во статистиката за „чисти мрежи“ на второ место, пред големи имиња како Јан Облак и Тибо Куртоа.