Серхио Кун Агуеро одржа проштална прес-конференција на „Ноу Камп“ во друштво на претседателот на Барселона Жоан Лапорта.
Солзи, воздишки, поддршка, аплаузи… Со ова накратко може да се опише, она што се случуваше во фудбалскиот храм.
“Ова е многу тежок момент за мене. Решив да престанам да играм фудбал. Моето здравје е на прво место. Знаете за проблемот што го имам. Одлуката ја донесов пред десетина дена.., изјави Агуеро.
„Уште од својата петта година сонував да играм во прва лига, никогаш не мислев дека ќе стигнам во Европа. Ти благодарам Индепендиенте, ти благодарам Атлетико што се обложи на мене на 18 години, благодарам на луѓето во Манчестер Сити и благодарам на Барселона. Еден од најголемите клубови во светот. Благодарност на репрезентацијата на Аргентина, која најмногу ја сакам, изјави Агуеро.