Кристијано Роналдо пред неколку дена го раскина договорот со Манчестер јунајтед и сега е слободен да си бара нов клуб за иднината, а веќе се споменуваат можни дестинации за португалската легенда.
„Марка“ објави дека Роналдо би можел да потпише за Ал-Наср од Саудиска Арабија, кој наводно бил подготвен да му даде 1,2 милијарди евра за тригодишен договор.
Тоа значи дека Роналдо дневно би заработувал по 1.095.890 евра, додека по минута ќе добива околу 761 евро, што е навистина неверојатно, а интересно е тоа што на Португалецот ќе му требаат околу 40 секунди за да заработи една македонска просечна плата (32.553 денари).
Саудискиот принц Бин Турки наводно нема да штеди пари за да го ангажира Роналдо, меѓутоа засега нема повеќе информации.