Македонскиот репрезентативен голман Димитриевски брани во фантастична форма во тимот на мадридскиот Рајо Валјекано. Тој имаше одличен настап на гостувањето против Валенсија на „Месталја“ каде успеа да сочува „чиста мрежа“.

По ова издание тој е избран за најдобар голман во 35. коло од Ла Лига.

Столе Димитриевски се поврзува токму со можен трансфер во Валенсија ова лето иако сѐ уште води преговори и за нов договор со Рајо Валјекано.

https://twitter.com/WhoScored/status/1790294733866045908/photo/1