Барселона и Севилја се договорија за трансфер, а пресуди желбата на Кунде да дојде на „Камп Ноу“, иако финансиски подобра беше понудата од лондонски Челзи, па сега Французинот треба да ги мине лекарските прегледи пред официјално да го потпише договорот.
Кунде со Барселона ќе потпише договот до 2027 година.
Тој беше најскапото засилување на Севилја пред три години кога за него Андалузијците платија 25 милиони евра, а сега ќе заработат од него скоро 60 милиони.