Кошаркарската Евролига објави дека кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс е избран за МВП во регуларниот дел од сезоната на елитното кошаркарско натпреварување.
Изборот за најкорисен кошаркар е невообичаен бидејќи МВП-наградата му припадна на играч кој нема да игра на завршниот турнир во Евролигата.
Монако беше елиминиран во четвртфиналето на Евролигата од Фенербахче со 2-3, а Џејмс во просек постигнуваше по 17,9 поени, 5,1 асистенција и 4,1 поен.
Џејмс беше избран и во идеалната петорка во кошаркарското натпреварување заедно со Факундо Кампацо, Кендрик Нан, Матијас Лесор и Најџел Хејс Дејвис.