Српскиот бек Василије Мициќ си заминува од Анадолу Ефес со кого во минатите две години ја освои Евролигата покорувајќи ги европските гиганти, а Пиварите од Истанбул се простија од Васа со зборови од славнта песна од далечната 1971 година, „Што ќе ми е живот“ од Силвана Арменулиќ, и фотографија на која Мициќ и Шејн Ларкин се прегрнуваат при освојувањето на Евролигата во 2022 година.
Мициќ кариерата ја продолжува во НБА лигата во Оклахома Сити тандер.
„Ова не е збогување, туку благодарност. Ти си еден од најважните субјекти во креирањето на наследството. Ти беше пример за многу млади кошаркари со твојот карактер. Ќе бидеш специјален дел од приказната кога ќе се спомнува нашето име. Ти благодариме за направеното Васа“ – објавија од Ефес.