Ужасите на војната во Украина, врз која веќе две недели се врши агресија од руските сили, испишуваат многу трагични приказни, меѓу кои има такви во кои во главна улога се светски познати спортисти.
Една од тие приказни е таа за поранешната ѕвезда на Атланта хокс и на репрезентацијата на СССР, Александар Волков, кој деновиве наместо топката во рака има автоматска пушка со која се обидува да и помогне на својата татковина. Неговата фотографија ја објави неговиот поранешен соиграч, Шпанецот Жорди Вилјакампа, како опис за ужасите со кои деновиве се соочува Украина.
Колку е драматична приказната со поранешниот кошаркар на ЦСКА, Панатинаикос, Олимпијакос и на Киев е фактот што тој е Украинец со руско потекло, роден во рускиот град Омск. Тој е добитник на Орденот за пријателство на Русија во 2006 година, речиси целиот живот му е во конекција со Москва, но тоа не го спречи да излезе на бојното поле и да се бори против рускиот агресор на неговата татковина.