Кошаркарската репрезентација на БиХ во Сараево ја совлада Франција по продолженијата со резултат 96:90 во меч од квалификациите на СП. Босанците одиграа феноменален меч и стигнаа до голем триумф кој многу ќе им помогне во трката за пласман на Мундобаскетот.
Французите дојдоа како апсолутни фаворити, а си заминаа поразени.
„Триколорите“ на почетокот на третиот период имаа и 12 поени предност (51:39), но потоа следуваше шоу на Босанците кои направија серија од 20:0 и со предност од осум разлика влегоа во последната четвртина.
Мечот заврши со 83:83, а во продолженијата Босанците одиграа одлично и го добија натпреварот.
Јусуф Нуркиќ со 21 поен го предводеше тимот на БиХ до победата, Робертсон имаше 18, а Муса 17 поени. Кај Французите Еван Фурние заврши со 24 поени.