Младиот српски кошаркар, Тристан Вукчевиќ, „процвета“ откако замина во НБА лигата, а на синоќешниот меч против Портланд трејлблејзерс (102-108) дури доби шанса да биде стартер во дресот на Вашингтон визардс. Во екипата на Партизан беше дури осма резерва, а по заминувањето во НБА уште на стартот покажа дека е голем потенцијал.

Српскиот кошаркар уште еднаш покажа дека не дојде туку така во најсилната лига на светот, со оглед што на оваа средба оствари личен рекорд со 17 поени, а имаше и седум скока со две асистенции. Погоди 7/16 од поле (ги промаши сите пет тројки), имаше две украдени топки, а на теренот беше повеќе од 24 минути. Ова беше трет дуел по ред со двоцифрен поентерски учинок за доскорешниот играч на Жељко Обрадовиќ, кој и немаше преголема верба во неговите квалитети со оглед на минималната минутажа што му ја даваше.

 

Најефикасен кај „волшебниците“ беше Дени Авдија со 22 поени со 12 скока, додека Џордан Пул додаде 20 поени со 4 скока и 9 асистенции. Кај Портланд се истакна Деандре Ајтон со 34 поени и 13 скока, додека Далано Бентон постигна 21 поен со осум скока и асистенции.