АБА шампионотво кошарка Партизан ја продолжи фантастичната серија, триумфирајќи во дербито на колото од регионалната лига против подгоричка Будуќност со 93-78.
Тоа е осми триумф за „црно-белите“, во сите натпреварувања, а сите се остварени во последните 20-тина дена. Партизан долго се загреваше на овој дуел, во првата четвртина губеше и со десет разлика (12-22), но веќе во вториот период работите си дојдоа на своето место.
Домаќините направија серија од 15-0 за водство од 40-31, Будуќност подоцна се доближи на три поени негатива, но не успеа да направи нов пресврт. Во второто полувреме разликата речиси постојано беше двоцифрена, па Партизан мирно го приведе натпреварот кон крај.
Со овој триумф, бранителот на титулата има биланс 9/3, но се уште заостанува во однос на Црвена Звезда која утре гостува кај Студентски Центар, а во моментов е на 10 победи и еден пораз.
Бразилецот Кабокио беше најдобар кај победникот со 21 постигнат поен, пред Пи-Џеј Дожер со 17 поени, додека кај Будуќност, Ферел даде 17 поени, а Пол уфрли уште 16 поени.
За Партизан ова беше деветта победа во АБА-лигата и тимот застана зад лидерот Црвена Звезда со скор 9-3.