Кошаркарите на Оклахома сити тандерс излегоа победници на гостувањето кај големиот ривал за пласман во плејофот во Западната конференција, тимот на Денвер нагетс (118-117) во драматичен дуел, кој беше решен на девет десетински пред крајот.
Јунак во победничкиот тим беше Шеј-Гилџес Александер, кој маестрално погоди за триумф на „громовите“ и тоа оставајќи им помалку од секунда на противниците да направат некакво чудо, во што и не успеаја.