Ноќта зад нас се одржа натпревар во забивање во Ол-стар НБА лигата.
Со години слушаме дека во натпреварот во забивање веќе се е видено и на многумина им е досадно, а во тој заклучок помогнаа и учесниците на синоќешната програма.
Исклучок е крилниот центар на Њујорк Никс, Обедеј Оби Топин, кој беше победник на натпреварот во забивање во саботата вечер во Кливленд.
Други учесници беа Кол Ентони, кој на натпреварот дојде во дресот на неговиот татко Грег Ентони од периодот на Њујорк Никс, тука беше и дефанзивецот на Хјустон Рокетс Џејлен Грин, како и Хуан Тоскано Андерсон.
Грин ја почна серијата промашувања, а Кол Ентони и Тоскано Андерсон (чиј заден дел од дресот беше почит за неговата земја Мексико) продолжија по неговите стапки, па Топин немаше претешка задача.
Крилото на Њујорк Никс „полета“ на првото забивање и ја воодушеви публиката, а на крајот со помош на таблата избра интересно забивање какво што досега не сме виделе.