Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Партизан и станаа шампиони во АБА лигата.
Во текот на целата серија имаше многу проблеми, а финалниот меч се играше пред празни трибини, а еве што изјави тренерот на Партизан , Жељко Обрадовиќ .
„Честитки на Звезда за титулата во околностите во кои се играше кошарка, се играше и заврши“, започна Жељко Обрадовиќ.
Она што беше пресудно, многу паузи, одложувања
„Дали зборуваме за кошарка? Треба да зборуваме за условите во кои игравме кошарка? Како се чувствуваат играчите ако одиграат четири натпревари наместо еден. Исто беше и пред неколку дена. Дали ова има некаква смисла? Честитки за Звезда, апсолутно ништо друго“, изјави тренерот на Партизан.
Дали ова ќе престане?
„Она што е важно за сите луѓе кои играат во АБА лигата, правилата треба да бидат јасни уште од првиот ден. Треба да има правила кои ќе овозможат вакви работи да не се случуваат повеќе , тоа е единствениот начин. Во моментот кога дојдов овде, се обидов да ги смирувам страстите и секогаш така сум се однесувал.Мислам дека оваа серија покажа дека АБА лигата мора нешто да направи и да седне на маса со сите луѓе кои и мислат добро на кошарката.Да се најдат јасни правила од првата минута, прво предупредување за паричка, втората фрлена паричка надвор. Фрлање со флаша , навреда, исто. Не забележав никој освен мене како ги осудува навивачите, чекаме да видиме дали некој ќе излезе и ќе каже такво нешто“.
Има ли мотив да се остане?
„Кога дојдов, луѓето ми велеа да очекувам се, но јас не го очекував ова. Многу ја сакам оваа работа и многу го сакам Партизан и не знам каде ќе оди ова. Јас сум тука само една година и немам врска со ова, ова се има случувано и порано.Дали некој од вас имаше замерки за моето однесување?Било што.Многумина би биле среќни да оставам се,не Вие секако,но некои луѓе навистина би биле среќни“.
„Сèуште не знам колку време ќе бидат во соблекувалната, што друго да им кажам. Ако се беше нормално, ајде, но што да им кажам сега после се. Немам замерки за борбеноста и желбата на играчите, се беше извонредно, иако сезоната не беше идеална. Како и секогаш во животот, времето и трпението ќе донесат некои позитивни работи“.