Уникс Казањ го искористи киксот на ЦСКА Москва и повторно е осамен на врвот во ВТБ лигата, а тоа го направи на драматичен начин на денешниот меч со Зенит од Санкт Петербург.
Ненад Димитријевиќ и соиграчите беа на пола минута од сигурен пораз на домашен терен, но двете промашени слободни фрлања во низа на Ертел при резултат 90:88 го оставија Уникс во игра.
Неочекуваните промашувања на Французинот беа казнети од Лавери кој погоди тројка за предност на Уникс од 91:90, а иако Зенит имаше завршен напад, не успеа да реализира и на крајот мораше да се помири со пораз.
Македонецот потврди дека игра во страшна форма и по третпат оваа сезона постигна над 30 поени во ВТБ лигата, или поточно постигна 32.
Покрај поените, Нено додаде и 5 скокови и 9 асистенции, па тоа го направи МВП на уште еден дерби напревар во руската лига.
Актуелниот шампион во ВТБ лигата оствари тесна победа против Зенит на домашен терен со 91-90, а Димитријевиќ повторно беше убедливо најдобар.
Ова беше трет натпревар сезонава на кој Димитријевиќ ја мина границата од 30 поени откако против Автодор постигна 35, а против ЦСКА 38.