Кајри Ирвинг игра необична сезона. Плејмејкерот на Бруклин пропушти голем број на натпревари, причината е неговата одлука да не се вакцинира. И натаму не може да игра на домашните натпревари поради епидемолошките правила во Њујорк. Најпопуларниот НБА антиваксер докажа уште еднаш дека оваа одлука е неправилна, а своите фанови ги потсети што значи за тимот.
Во победата над Орландо (108-150) Ирвинг постигна 60 поени. Притоа од игра имаше 20-13, за три поени оствари 66,7% (8/12), додека од линијата за слободни фрлања беше речиси совршен.
Тој вечерта ја заврши со неколку рекорди. Еден од нив е личен, во својата кариера нема постигнато толку многу поени, истовремено постана и најдобриот стрелец во историјата на Бруклин кога станува збор за вкупниот број на кошеви. Исто така со оглед на тоа дека Дурент претходниот меч запиша 53 поени, двајцата станаа првите соиграчи кои на еден натпревар постигнале најмалку 50 поени на два меча по ред.
Ирвинг на својот учинок додаде шест скока, четири украдени топки, четири асистенции и една загубена топка. Дурент беше во втор план со 19 поени.
На останатите средби, Индијана беше поразена од Милвоки со 102-135, Мајами го совлада Детроит со 105-98, додека Њу Орлеанс беше поразен од Феникс со 115-131.