После Роналдо, следен голем трансфер на Јувентус треба да биде – Нејмар. Бразилецот делуваше максимално разочарано по свирежите што ги доби од навивачите на ПСЖ на натпреварот против Бордо поради елиминацијата на тимот од Лигата на шампионите.
Нејмар сега повторно размислува да го напушти Париз, а ситуацијата сака да ја искористи Јувентус.
Бразилецот и челниците на Јувентус, како што тврди „Калчомеркато“, веќе воспоставиле контакт околу евентуалниот трансфер на Нејмар во Торино.
Тој има договор со ПСЖ до јули 2025 година, но и ПСЖ е заинтересиран за негова продажба по завршување сезоната.