Шампионот постигна гол по само 15 минути игра преку Ботман, по што остана со играч помалку затоа што Андре заработи два жолти картони за само три минути.
Марсеј доминираше на теренот и се обидуваше на секаков начин да дојде до бод, а тоа им успеа дури во 75. минута, кога Ундер ја затресе мрежата на гостите за 1-1.
Марсеј е третопласиран со 37 бодови на табелата, односно два помалку од Ница, додека Лил е на 10. место со 29 бода.