Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва го победија Атлетик Билбао со 2-0 и го освоија Суперкупот на Шпанија. До нов трофеј стигна Реал Мадрид, а до нов трофеј стигна и искусниот Бразилец Марсело. За него ова беше 23. трофеј откако е член на „кралскиот тим“, што значи дека се израмни со Пако Генто, кој исто така е на 23 трофеи.

Поранешниот капитен Серхио Рамос, кој летово го напушти Реал и премина во ПСЖ, остана на 22 трофеи.
Карим Бензема е трет на таа листа со 20 трофеи, додека Икер Касилјас, Камачо и Чендо имаат по 19. Лука Модриќ, Рафаел Варан и Фернандо Јеро имаат по 18 трофеи.

Марсело на лето ќе стане слободен играч и сигурно е дека по долго време ќе го напушти Мадрид