Шпанскиот тенисер не дозволи никакво изненадување во првото коло, па во следниот меч ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Ханфман и Кокинакис.
Место во второто коло обезбедија и Мартинез, Шаповалов, Лајовиќ, Албот, Алкараз, Монфилс, Беретини, Качанов, Манарино, Карено-Буста и Корда.
Наоми Осака, која ја брани титулата на Австралијан опен, одлично го почна натпреварувањето во Мелбурн и ја совлада Осорио Серано со 6-3 и 6-3.
Во првиот дел од мечот водеше со 5-0, по што Серано врати неколку гема, но тоа не беше доволно (6-3). Додека брејкот уште на стартот на вториот сет ѝ овозможи лесно да го заврши натпреварот во своја корист (6-3).
Во женска конкуренција немаше големи изненадувања, па така во второ коло се пласираа Бенчиќ, Свитолина, Анисимова, Женг, Сакари, Заневска и Бренгл.