Рубљов и Руне на АО во Мелбурн одиграа меч во пет сета кој го доби рускиот тенисер. Норвежанецот беше блиску до триумф, имаше две меч топки, но не ги искористи.
Рубљов го доби првиот сет со 6-3, идентично врати Руне во вториот сет. И третиот заврши со 6-3, овојпат во корист на Русинот кој ја врати предноста во сетови. Слично беше и во четвртиот сет, Руне го доби со 6-4 и го однесе мечот во петти, решавачки сет.
При водство од 6-5 во гејмови, Руне имаше две меч топки кои не успеа да ги искористи. Рубљов го доби гејмот, а потоа во тајбрејкот победи со 11-9 и се пласира во четвртфинале.
Таму ќе го чека победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Де Минаур.
Утринава заврши уште еден осминафинален меч со пет сета. Американскиот дуел го доби Шелтон кој со 3-2 го совлада Волф.