Најдобриот српски тенисер Ѓоковиќ триумфираше на стартот на турниротн во Вимблдон против Педро Качин со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-3 и 7-6.
Ѓоковиќ за два часа и 14 минути поминати на теренот го декласира аутсајдерот, откако првите два сета ги доби со по 6-3, а потоа Качин покажа посериозен отпор само во третиот сет. Качин одлично се држеше до тај-брејкот против Ѓоковиќ, по што се распадна по нападите на српскиот тенисер.
Србинот во следното коло ќе игра против Џордан Томпсон од Австралија.