Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски запиша нова победа на турнирот во Монастир, Тунис, откако денеска триумфира со 2-0 во сетови против Олаф Пјечковски.
Ивановски загуби само три гема од Полјакот (6-2 и 6-1) прикажа одлична игра и се наоѓа во извонредна форма, а следен противник ќе му биде францускиот тенисер Артур Букуле.
Македонскиот тенисер ја има улогата на прв носител на турнирот во Тунис, а во неделата играше финале во Монастир, меѓутоа беше поразен по три сета (1-2).