Стратегот на Барселона Чави Ернандез е воодушевен од настапот на неговиот тим на дуелот против Бетис во Севиља и триумфот од 2:1. Каталонците сега имаат 50 бодови на крајот од полусезоната, а досега примија само седум гола. Чави имаше само пофалби за своите играчи и кажа дека одиграле извонреден натпревар.
“Многу сум задоволен од натпреварот. Многу го подобривме нашиот настап во однос на средбата со Гирона. Одигравме брилијантен натпревар. Денеска најважно беше да не ја загубиме топката и завршивме одлична работа со тоа. Доминиравме од почеток до крај“, изјави Чави.
Тој го пофали и настапот на Рафиња за кој се шпекулираше дека ќе си замине на лето.
„Рафиња се снајде добро, не само поради постигнатиот гол, туку и поради работата што ја заврши во одбраната. Во последно време е многу критикуван, но тој всушност многу работи за тимот и ние многу го цениме. “ – , истакна стратегот на Барса.