Трансферот на дефанзивецот на ЛА Галакси, Хулиан Араухо, во Барселона пропаднал зашто Каталонците задоцниле само 18 секунди со испраќање на документацијата во Ла Лига, откри директорот на клубот, Матео Алемани.
Барса до последниот момент се обидуваше да го ангажира 21-годишниот мексикански репрезентативец за сума од 6,5 милиони долари, но не успеа во тоа.
„Не успеавме да го регистрираме Араухо поради грешка во системот. Во прашање се само 18 секунди. Сега чекаме да видиме ФИФА што ќе каже на сето ова“, изјави Алемани.
Каталонците зимава останаа без Хектор Белерин и Мемфис Депај кои ја напуштија Барселона.