Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски даде нов гол за Абердин од пенал, за израмнување во 74-та минута против Сент Мирен. За него ова е 12-ти сезонски гол во шкотскиот Премиершип.

После бурните денови во Абердин и поразите кои доведоа до смена на Џим Гудвин од клупата, Миовски повторно се запиша во листата на стрелци против Сент Мирен. Многу рано во натпреварот неговиот тим остана со десетмина после исклучувањето во седмата минута на Мекори.