Познатиот јутјубер Сајмон Вилсон е голем навивач на поранешниот англиски првак Ливерпул, па реши да направи нешто несекојдневно пред финалето против Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ).
Јутјуберот реши да купи автобус, за да им помогне на останатите навивачи да стигнат во Париз, а за превозот до Франција им побара по една фунта.
„Собрав 50 навивачи на Ливерпул во автобус за заедно да доживееме неверојатни моменти во Париз“, напиша Вилсон.