Дуелот кој многумина го прогласија за клучен, па дури и одлучувачки во борбата за титулата англиски шампион, не донесе одговор кој ќе биде шампион. По ремито на „Етихад“, разликата остана иста …
Манчестер Сити и Ливерпул одиграа одличен натпревар, заврши 2:2, а мечот можеше да заврши и со победа на една од екипите. Имаше доволно можности,се играше отворено на двете страни, за на крајот да заврши 2:2.
Од самиот почеток беше јасно дека ова ќе биде целосно отворена битка, без калкулации. „Црвените“ дојдоа по победа за да го преземат врвот, но победата ја посакуваше и Манчестер Сити, кој практично со тие три бода би го решил шампионот.
Се започна бурно, во четвртата минута Алисон брилијантно го одбрани ударот на Стерлинг, но веќе во следната минута домаќинот поведе. Кевин де Брујн шутираше од 17 метри, топката удри во Матип, ја смени траекторијата, го измами Алисон и влезе во мрежата .
Ливерпул не очајуваше и веднаш тргна на израмнување и дојде до него во 13. минута. Трент Александер-Арнолд го виде Диого Жота на повратна топка,кој без проблеми постигна гол за 1:1 од 6-7 метри.
Сити сепак поведе пред одморот. Во 37. минута одбраната на Ливерпул заспа, топката беше испратена зад нивниот грб каде целосно сам беше Габриел Жесус, кој без проблеми погоди за 2:1.
Во вториот дел, веднаш по стартот од центар, гостите по вторпат дојдоа до реми. Мохамед Салах одлично му асистираше на Мане, а тој го измами Едерсон и погоди за 2:2.
Во средината на вториот дел се чинеше дека Сити по трет пат поведе, Стерлинг и побегна на одбраната, излезе пред Алисон и погоди, но по проверката на ВАР , не гобеше признат голот поради офсајд.
Овие 2:2 значат дека Манчестер Сити останува водечка екипа во поредокот, а на Ливерпул сега му преостанува само да победува до крај и да се надева на кикс од тимот на Гвардиола.