Фармацевтите не успеаја на денешното гостување во Бохум да ја остварат многу значајната победа против домаќинот. Баер Леверкузен пропушти огромна шанса да направи уште еден нов чекор поблизу до пласман во Лигата на шампионите и го остави Фрајбург во трката за место во елитата после денешното реми без голови во Бохум, на кое „фармацевтите“ промашија пенал за победа.
Муса Дијаби во 65-та минута имаше шанса да обезбеди многу важна победа за Баер, но ударот од белата точка го промаши, па Леверкузен со новиот бод наместо на девет бода, дојде до само седум предност пред петтиот Фрајбург, кој го чека пресметка со Ајнтрахт во Франкфурт во ова коло.
Пет кола до крајот на првенството, на „фармацевтите“ ако победеа денеска ќе им требаа две победи, ако Фрајбург киксне, но вака останува отворена битката за ЛШ, посебно ако ривалот успее да победи со Ајнтрахт.