Младиот фудбалер Макс Мерштед од Хофенхајм, кој има 18 години, синоќа му се претстави на светот со својот прв гол во кариерата, а голот на гости кај Митјиланд од Лигата на Европа беше спектакуларен.
Макс призна дека имал и среќа, плус голот беше постигнат во 89-тата минута и го спаси тимот од пораз. За Мерштед ова беше само четврти меч во сениорската кариера, а веќе воодушеви со гол кандидат за наградата „Пушкаш“.