Еспањол постигна гол за водство во 46. минута, но само неколку минути подоцна, во судиското надополнување Вилјареал погоди преку Перез за 1-1.
Перез беше стрелец и на вториот гол за „жолтата подморница“, која го задржа водството и славеше со 2-1.
Екипата на Вилјареал по седум одиграни натпревари се наоѓа на третата позиција во Ла Лига, додека Еспањол е на 14. место.
Лас Палмас одигра реми со фаворизираниот Бетис (1-1). Алберто Молеиро донесе водство за Лас Палмас, во деветтата минута, а гостите од Андалузија освоија бод со голот на Џовани Ло Селсо, кој погоди пред истекот на првото полувреме.
Бетис сега има девет бода и ја зазема единаесеттата позиција, додека Лас Палмас има само три бода и во моментов е последен на првенствената табела.