Бензема, повторно беше човек на одлука за „кралевите“ и го постигна победничкиот гол во големиот камбек и триумф против Севилја (2-3). Тој истовремено постави и личен рекорд во шпанската Ла Лига.

Голот што го постигна францускиот голгетер во судиското продолжение донесе целосен пресврт и беше 25-ти за него оваа сезона. Бензема постави рекорд на 28 одиграни натпревари досега за Реал.

Претходниот рекорд на Бензема беше 24 гола на 27 натпревари во сезоната 2015/2016. Французинот е дел од Реал Мадрид од 2009 година.

Вкупната бројка голови на Бензема за Реал Мадрид оваа сезона е 39. Тој има 12 гола во Лигата на шампионите, како и два гола во Суперкупот на Шпанија.