Оскар Минамбрес на почетокот на милениумот беше голема надеж за Реал Мадрид. Ја помина младинската школа на Реал и во 2002 година дебитираше во Примера. Истата година за прв пат играше во Лигата на шампионите, која Реал ја освои таа сезона со легендарниот гол на Зинедин Зидан во финалето против Баер.
Минамбрес имаше големи проблеми со повредите уште на почетокот на кариерата, па за Реал одигра само 37 натпревари на позицијата десен бек. Мадрид го позајми на Еспањол во сезоната 2004/05, но таму собра само 150 минути. Тој тешко го повреди коленото во 12. минута од натпреварот против Валенсија и паузираше повеќе од една година.
По враќањето во Реал повеќе не добиваше можност да игра, а по истекот на договорот не му беше понуден нов. Потоа Минамбрес отиде во Херкулес, се сретна со соиграчите, го одработи првиот тренинг, повторно почувствува болка во коленото и веднаш го раскина договорот и стави крај на кариерата.
Со години продава тутун за да преживее, а со сопругата по играчката кариера отвори киоск. Морав да се фокусирам на грижата за семејството, тоа е најважно“, изјави поранешниот фудбалер кој ја делеше соблекувалната со најголемите ѕвезди во историјата на Реал како Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Дејвид Бекам, Раул, Роберт Карлос .
„Отсекогаш сум бил антипушач, не ми се допаѓа работата што ја работам, но што да правам. Тоа не е остварување на сонот, но ниту фудбалот не е се во животот. Штета е што мојата кариера заврши прерано, имав чувство дека можев да играм фудбал долго време.“
Со Реал освои седум трофеи.