Реал Мадрид вчера славеше со 3-1 против Манчестер сити и така обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), а резултатот го шокирал и фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси.

„Граѓаните“ беа многу блиску до финале во ЛШ, но им се случи целосен распад во завршницата, а тоа го коментираше и Серхио Агуеро заедно со Карлос Тевез.

Поранешниот аргентински фудбалер откри дека му пристигнала порака од Меси во моментот кога Реал доби пенал и потоа го реализираше Карим Бензема.

„Немој да се шегуваш, ова не може да биде вистина“, му напишал Меси на Агуеро.